Француските власти уапсија и осудија еден од водачите на ланец шверцери на мигранти и негов соучесник.
Уапсените ги префрлувале бегалците од Франција во Велика Британија и заработувале на тоа и до 390 илјади американски долари месечно, соопштија денес официјални лица од судот и полицијата.
Осудени се Тван Џамал, 35-годишен Ирачанец познат како „Паша“ и Кадир Пирут (33), пренесува АП.
Тие за само еден месец организирале префрлање на 80 мигранти.
Џамал е осуден на пет, а Пирут на четири години затвор.