Француската влада ќе предложи вонредната состојба во таа земја да се продолжи до средината на јули следната година поради претседателските избори кои се одржуваат на пролет, најави денес новиот француски премиер Бернард Казнев.
Социјалистичката влада воведе вонредна состојба, со кои на полицијата и се даваат големи овластувања, во ноември минатата година после терористичките напади во Париз.
Продолжувањето на вонредната состојба ќе се најде пред француските пратеници во вторник.
Вонредната состојба, која за сега е на сила до средината на јануари, продолжувана е четири пари затоа што француските власти сметаа дека опасноста од терористичките напади на високо ниво.
Франција ќе бира нов претседател на пролет, во април.
Критичарите наведуваат дека воведувањето на вонредната состојба во Франција е „неефикасно“ и дека ги крши човековите права.