Франција е светски првак, Норвешка е втора, а трета е репрезентацијата на Словенија.
Ракометната репрезентација на Франција ја одбрани титулата светски првак, откако денес во финалето на Светското првенство во Париз ја победија Норвешка со 33:26 (18:17).
Франција до победата во финалето во финалето ја предводеше Никола Карабатиќ со шест голови, додека по пет постигнаа Кентан Мае, Мкаел Гигу и Валентан Порт.
Во селекцијата на Норвешка, која успеа да дојде до првиот медал воопшто, се истакна Кент Робин Тонесен со пет голови, додека по четири пати во листата на стрелците се запишаа Бјарте Мирхол и Еспен Хансен.
Норвешка во поголемиот дел од првото полувреме беше во предност, но Франција во завршницата на првите триесет минути од играта го засили темпото и стигна до пресврт.
Домаќинот на шампионатот во вториот дел од мечот продолжи во ист ритам, и веќе во првите 10 минути се стекна со пет голови предност – 24:19, која лесно ја сочува до крај и дојде до шестата титула првак на светот.
Бронзениот медал на Светското првенство во Франција го освои Словенија која вчера во борбата за третото место ја совлада Хрватска со 31:30.