Европскиот и македонски ракометен шампион Вардар остана без еден од своите најдобри играчи, Даинис Кристопанс.
Летонецот замина во германскиот клуб Фуксе Берлин.
„Добредојде во Берлин!“
Даинис Кристопанс веднаш ќе му се придружи на тимот.
„Човекот висок 2.15 метри доаѓа од Вардар и ќе биде со нас до крајот на сезоната“, објави бундеслигашот на својата Фејсбук страница.
Од Вардар се уште нема потврда за заминувањето на десниот бек.