Возачот на „Мерцедес“, Луис Хамилтон, ја освои шестата шампионска титула во Формула 1, откако го зазеде второто место во трката за Големата награда на САД во Остин, во Тексас, каде што победи неговиот колега Валтер Ботас.
Хамилтон сега има шест титули, една помалку од рекордерот Михаел Шумахер, британецот претходно ги освојуваше титулите во 2008, 2014, 2915, 2017 и 2018.
Ботас ја оствари седмата победа во кариерата, а четврта оваа сезона.
Третото место го зазеде Макс Верстапен од „Ред Бул“, а четврти беше Шарл Леклер од „Ферари“, кој освои и дополнителен поен за извозен најбрз круг на трката.
Следната трка во шампионатот се вози за две недели во Бразил.
(Фото: АП)