Влезниците за финалниот турнир од Евролигата се продадени во рекорден рок.
Канцеларијата во Барцелона вчера точно на пладне ги пушти билетите во продажба, а веќе во 13.30 тие беа веќе распродадени.
Најмногу купувачи се од Турција, потоа следат навивачите од Шпанија, Грција, Израел и Германија.
Завршниот финален турнир ќе се одржи од 18 до 21 мај следната година во салата „Синан Ердем“ во Истанбул, чиј капацитет е 14.867 места.