Комесарот на Европската унија за соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан, во поделник на 5 декември ќе пристигне во Белград каде што ќе има средба со премиерот на Србија, Александар Вучиќ, со министерот за надворешни работи Ивица дачиќ, како и со студентите и претставниците на академската заедница.
Хан заедно со Вучиќ ќе присуствува на потпишување на финансискиот договор во вредност од 80 милиони евра за поддршка на темелна трансформација на српската јавна администрација.
Пред посетата Хан изјави дека местото на Србија е во Европската унија и дека „земјата прави извонреден напредок во правец на својата стратешка цел, членство во ЕУ“.
Европскиот комесар наведе дека ЕУ на Србија и е „најдобар партнер во трговијата, инвестициите и во финансиска поддршка во сите сектори“ и дека и „дава конкретна корист за граѓаните за образованието, владеење на правото, јавната администрација, безбедноста на храна …“
„Блиску соработувам со Србија, заедно се посилни како партнери и пријатели во надминување на проблемите со миграцијата, невработеноста, безбедносните предизвици, и во зачувувањето на мирот и стабилноста во регионот“, додал Хан.