Израелската полиција вчеравечер се судри со стотици палестински демонстранти пред Стариот град во Ерусалим, растерувајќи ја толпата со шок бомби и водени топови, јавуваат израелските медиуми.
Заради вмешаност во демонстрациите полицијата уапсила најмалку три лица, јави новинската агенција АП.
Слични судири се случуваат секоја ноќ откако минатата недела почна муслиманскиот свет месец Рамазан.
Палестинците велат дека обично се собираат на скалите пред Дамаск капијата во Стариот град секоја вечер во текот на Рамазан, но дека оваа година израелската полиција ставила препреки за да спречи правење гужва, пренесеува агенцијата.
Како што се наведува, овој потег ги разлутил муслиманите кои сакаат да се соберат на плоштадот и заедно да ги минат рамазанските ноќи после завршувањето на секојдневниот пост од зора до стемнување.
Израелските власти ги обвинуваат насобраните за реметење на јавниот ред и мир и фрлање камења на силите за безбедност.
Полицијата, исто така, пријави судири со група Арапи во Јафа, во јужниот дел на Тел Авив. Во соопштението се наведувадека мноштво луѓе фрлале камења на полицајците при што повредила двајца од нив.