Откако се воведени во 2017 година, приватните пресретнувачи во Франција станаа голем хит, а од полициските се поефикасни и до 20 пати.
Споредбено со полициските службеници кои во автомобилите за пресретнување минуваат малку помалку од еден час, приватниците возат подолго од пет часови. Во акција се 365 денови во годината на сите патишта.
„Приватните полицајци“ возат „рено меган“, „фолксваген пасат“, „шкода октавија“… и други необележани автомобили, кои се тешко забележливи.
Тие возила имаат радари скриени под регистарските таблички, а една камера е и во самиот автомобил, над средишната конзола. Во Франција во служба се повеќе од 385 пресретнувачи, пишува ревијата „ХАК“.
Пресретнувачите само ги снимаат возачите, а податоците се доставуваат во полицијата која пишува казни. За извршување на дејноста не се потребни специјални квалификации, освен возачка дозвола.