Холандските власти укинаа некои ограничувања во борбата против корона вирусот, меѓу кои е и држењето физичка дистанца, но најавија ковид пропусници за барови, ресторани и фестивали.
Иако гостите во холандските барови на терасите не се должни да покажат ковид пропусница сепак, ќе мораат да ја имаат за да одат во тоалет, затоа што тој е во објектот.
„Ако сакате да го користите тоалетот, морате да го покажете својот код“, наведе холандското Министерство за здравство и потсети дека кодот кој потврдува дека лицето е вакцинирано е задолжителен за постари од 13 години.
Холандскиот премиер Марк Руте неодамна рече дека не е добра идејата да се прават исклучоци за гостите кои седат на терасите на баровите, рестораните и кафетериите, затоа што луѓето неизбежно ќе мораат да влезат внатре во објектот и да ја платат сметката или да одат во тоалет.