Холандија и Белгија во присуство на своите кралски семејства потпишаа спогодба за размена на делови од териториите.
Двете соседни земји една на друга си препишаа мали парцели кои им беа пречка во практична смисла.
На кривулестата река Маас, која ги дели двете земји, Белгија отстапи од малиот полуостров поврзан за Холансија, а за возврат го добила поблискиот дел од холандската територија.
Белгискиот министер за надворешни работи Дидије Рејндерс рече дека потпишувањето на спогодбата за размена на територии покажува дека „границите можат да се сменат на мирен начин“.