Потполно занемарувајќи ја својата безбедност, но не сфаќајќи во каква опасност се, група планинари се качувала на вулкан во источна Русија. Сето ова не било толку опасно ако вулканот не бил среде прилично голема ерупција.
На снимките се гледа како густ сивоцрн чад излегува од кратерот, додека групоата планинари се качува на вулканот Ебеко, кој се наоѓа на Парамуширо, еден од островите во Курилскиот архипелаг.
Видео снимката е направена на 27 септември, а вулканолозите забележале дека таа недела Ебеко исфрлал чад којшто одел до четири километри во височина, а ветерот го носел дури 68 километри југоисточно од кратерот. Ебеко инаку е еден од најактивните вулкани на Курилските острови.
Коментарите на социјалните мрежи по повод снимката се разноврсни – од пофалби за храброст до прекори за глупост.