Земјотрес со интензитет од 2,9 степени според Рихтерова скала го погоди утрово регионот околу хрватскиот град Петриња, кој беше разурнат од силен потрес во декември минатата година, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Земјотресот се случи по девет часот во близина на градот Сисак во историскиот регион Бановина.
Некои жители објавија на социјалните мрежи дека се вознемирени поради „татнежот и тресокот кои траеле неколку секунди“.