Црногорската полиција заплени повеќе од тон и половина кокаин, пренесоа медиумите од Подгорица повикувајќи се на неофицијални извори од службите за безбедност.
Полицијата официјално сеуште не се огласи за рекордната заплена на дрога во таа земја, а медиумите пренесуваат дека во акцијата се уапсени неколку лица.
Порталите и весниците наведуваат дека кокаинот е пронајден во подгоричкото предградие Зета, а дека во Црна Гора стигнал преку пристаништето во Бар.
Весникот „Дан“ пренесува дека се работи за 1.400 пакети со дрога во кои имало 1.600 килограми кокаин, и дека на пакетите пишувало „КОВИД“.
Додека траела акцијата главниот подгорички булевар и дел од градот околу центарот биле блокирани.
Црногорските медиуми пренесуваат дека акцијата на полицијата ќе продолжи и денес.
(Фото: АФП)