Грчката полиција уапси четири лица заради подметнување на еден од пожарите во предградието на Атина, во кои во текот на изминатите два дена животот го загубија 80 лица, меѓу кои и деца, додека повеќе од 180 се потешко повредени, а неколку десетици сеуште се водат за исчезнати.
Како што пренесуваат грчките медиуми, четворицата уапсени се на возраст меѓу 22 и 26 години, а приведени се додека се криеле во напушена куќа.
Причините на повеќето пожари околу грчката престолнина сеуште не се официјално соопштени.
Надлежните органи работат на нивно утврдување, но истовремено укажуваат дека е индикативно тоа дека помошта во загрзеното подрачје стигнала предоцна, како и тоа дека не постојат планови за евакуација во таква ситуација.
Се споменува дека голем број од уништените објекти долж крајбрежјето биле бесправно изградени.
Според последните информации, во пожарите на Атика настрадале 80 луѓе, но уште се регистрираат имиња на исчезнати.