Ешлин Мендрик од Велика Британија, која има само шест години, стана најмладото женско лице кое стигна до врвот на планината Килиманџаро во Африка.
Подвигот на малата Ешлин ги задиви и искусните планинари.
Девојчето одбило каква било помош во текот на качувањето до врвот чија височина е 5.895 метри.
Инаку, до врвот Ухуру стигнуваат две третини од сите што ќе тргнат кон него.
Ешлин толку уживала во качувањето што две недели подоцна повторно се искачи на највисокиот врв во Танзанија, но по друг пат.
Таа се надева дека еден ден ќе го освои и Монт Еверест.
Ешлин е од Западен Сасекс и во експедицијата беше со мајка и Викторија и единаесетгодишниот брат Николас.
Таа најнапред до врвот стигна на 29 септември, а истото тоа го повтори и на 13 октомври.
Првиот искачување траело шест дена, а второто пет.
„Ешлин го собори рекордот што го држеше Монтана Кини од САД, која минатата година до врвот стигна со седум години и десет месеци. Горда сум на своето дете. Ова беше за неа неверојатно искуство“, рече мајката на Ешлин, Викторија.
Најмладата личност која се искачила на Килиманџаро е Колтон Танер од Ново Мексико, кој во 2018 година, врвот го освои со шест години и еден месец и кој тогаш беше само неколку месеци помлад од Ешлин, која сепак го држи рекордот во женска конкуренција.