Шест лица го изгубија животот во пожар кој изби во приватна куќа во градот Курган во Уралската област, а меѓу нив и две деца, соопшти денеска прес службата на регионалниот огранок на рускиот Истражен комитет.
Еден човек е префрлен во болница во многу сериозна состојба, пренесе агенцијата ТАСС.
Покрената е истрага, а според првите резултати причина за пожарот е неисправна печка.