Полицијата утринава уапси шест лица заради вмешаност во криумчарење на мигранти. Во случајов, според информации добиени од извор од истрагата, станувало збор за организирана група.
Акцијата за разбивање на групата на криумчари на мигранти се спроведува во Скопје, Штип, Велес, и Валандово.
Неофицијално, кај дел од уапсените при претрес на нивните домови заради прибирање докази за нивна вмешаност во криминални дејствија, била пронајдена дрога.
Од МВР потврдуваат дека во тек е акција, но детали најавуваат по нејзиното завршување.