– Сакам да се заблагодарам на поддршката на секој граѓанин во првиот изборен круг.
Во вториот изборен круг влегуваме изедначено. Скопје мора да продолжи напред и јас силно верувам дека скопјани во вториот изборен круг ќе излезат во многу поголем број и ќе дадат поддршка за политиките што Скопје за четири години целосно го променија.
Реализиравме огромен број проекти во интерес на граѓаните, решававме и решивме децениски напластени проблеми во градот.
Работевме за сите граѓани подеднакво и Скопје стана конечно единствен град, рече
тој.
ФОТО: МИА