Германскиот канцелар Олаф Шолц и американскиот претседател Џозеф Бајден се согласни во оценката дека состојбата во Украина е „исклучително сериозна“, бидејќи сеуште постои ризик од руска воена агресија, изјави денеска портпаролот на германската влада, Штефан Хебештрајт.
„Двајцата лидери истакнуваат дека е потребна ‘максимална претпазливост’, бидејќи засега нема знаци за значително повлекување на руските војници“, наведе Хебештрајт во изјавата по телефонскиот разговор на Шолц со Бајден, којшто следеше после патувањето на германскиот канцелар во Киев и Москва.
„Во исто време, тие ја поздравија изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека треба да се продолжат дипломатските напори“, рече портпаролот.
Шолц и Бајден, исто така, се согласиле дека е важно да се тргне кон имплементација на мировните договори од Минск за кои преговараа Русија, Украина, Франција и Германија во 2015 година, и да се напредува преку понатамошни разговори во „Нормандиски формат“.
(Фото: Тајуг/АП)