Германецот Михаел Штих и Хелена Сукова од Чешка се примени во Меѓународната тениска куќа на славните во Њупорт.
Штих (49) го освои Вимблдон во 1991 година и злато на Олимписките игри во 1992 година во Барселона во двојки, заедно со Борис Бекер. Во 1992 по вторпат триумфираше на Вимлдон, а освојувач е и на Дејвис куп.
Сукова (53) освои 14 гренд слем титули во двојки, од кои пет во мешовити двојки. Четири пати го освојуваше ФЕД купот и има две сребра од Олимписки игри во двојки, од Сеул во 1988 и од Атланта во 1996 година.