Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи денес Ораси Себалос во второто коло на турнирот во Доха, а потоа на молба на аргентинскиот играч со него направи селфи на теренот.
Ѓоковиќ го победи Себалос со 6:3, 6:4 и се пласираше во четвртфиналето.
После тој дуел Себалос го замоли Ѓоковиќ за да се сликаат заедно, а освојувачот на 12 гренд слем турнири со задоволство го прифати тоа.
„Орасио, секоја чест. Многу оригинално“, изјави Ѓоковиќ.
https://www.youtube.com/watch?v=CTjomr6c0bw&feature=youtu.be
Ѓоковиќ победи за еден час и 13 минути, направи по еден брејк во двата сета и на противникот не му дозволи ниедна брејк топка.
„Му честитам на Себалос што играше без страв. Влегуваше на теренот и одеше на секој удар. Не се повлекуваше на основната линија“, наведе моментно вториот тенисер на светот.
Бранителот на титулата Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе игра против Радек Штепанек.
Штепанек со 38 години е најстар играч во четвртфиналето на некој АТП турнир уште од Џими Конорс, кој во 1995 година во Хале се пласираше меѓу осумте најдобри.