Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, ќе ја претставува Србија на Олимписките игри што годинава ќе се одржат во главниот град на Јапонија, Токио.
Најдобрите светски тенисери ова лето ќе имаат исклучително густ распоред на настапи, затоа што покрај Гренд слемовите ќе играат и на турнирот на ОИ.
Рафаел Надал, Доминик Тим, Роберто Батистута Агут, Денис Шаповалов и Жил Монфис се само некои од оние кои веќе се откажаа од учеството на игрите во Токио, а последните денови почнаа и шпекулации дека и Новак може да тргне по нивни стапки.
Меѓутоа, олимпиското злато е единствената работа која му недостасува на Ѓоковиќ, заради што турнирот во Токио е приоритет за Србинот.
„Новак ја потврди желбата да учествува на Олимпијадата и ние списокот со неговото име веќе го испративме во Олимпискиот комитет на Србија. Од таму ќе биде проследен понатака“, информираа од Тениски сојуз на Србија.
Ѓоковиќ има еден медал од Олимписки игри, во Пекинг во 2008 година тој стигна до бронза.