Во Јапонија од овој месец на сила е нов закон со кој дигиталните валути се легализираат како законско средство за плаќање.
Јапонската Комисија за сметководствени стандарди соопшти дека почнува да работи на правењето рамка која треба да му ја олесни на сметководствениот сектор работата за обработка на трансакции во дигитални валути.
Се очекува дека овој процес ќе трае околу шест месеци.
Големите компании се многу загрижени затоа што државата не успеа да обезбеди насоки за сметководствените процедури во работата со криптовалутите, што ги прави ранливи на можни искривени проценки на вредноста, што може да доведе до тоа неочекувано на површина да излезат огромни загуби.
Во Јапонија од пред две години во оптек се криптовалути, вклучувајќи биткоини, рипли, литекоини и други, во вредност од околу 1,7 милијарди долари.
Според студијата на Институтот за истражување Фуџи Чимера, се предвидува дека до 2020 година во оптек ќе бидат дигитални пари во вредност од околу девет милијарди долари.