Фабричкото производство во Јапонија во ноември порасна, а производителите очекуваат раст и во следните месеци, покажуваат објавените резултати.
Сето тоа, како што оценуваат аналитичарите, оди во прилог на тврдењата на јапонската Централна банка дека скокот на глобалната побарувачка ќе поттикне стабилен економски раст во Јапонија.
Прометот на стоки на мало во ноември, исто така, порасна, додека количината на складирани стоки се намалува трет месец по ред, што се нови сигнали за подобрување на економската состојба во третата најголема светска економија.
„Иако домашната побарувачка и понатаму оди со побавно темпо, забрзувањето на извозот го подигнува производството, кое во наредниот период веројатно ќе продолжи да се опоравува“, изјави главниот економист од Наричукин истражувачкиот институт, Такеши Минами.
Индустриското производство во Јапонија во ноември порасна за 1,5 отсто во однос на октомври, покажаа денес објавените податоци на јапонското Министерство за трговија.
Таквите податоци доаѓаат после порастот на производството во септември од 0,6 отсто и стагнацијата во октомври.