Пензискиот фонд е во стабилна состојба, пензиите како и досега ќе си продолжат со тековна, редовна, навремена исплата. Нема никаков проблем во врска со одржливоста на буџетот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, изјави директорката на ПИОМ Билјана Јовановска во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
На прашањето што треба граѓаните да направат за да бидат сигурни дека ќе добијат решение за пензија, особено ако недостигаат информации во Фондот или, пак, доколку фирмата не плаќала придонеси за одреден период, Јовановска во интервјуто ги советува граѓаните работниот стаж да го проверат не на денот кога ќе го остварат правото на пензија, туку тоа може да го направат додека се уште се во работен однос.
„ Тоа може да се направи во подрачните единици на ПИОМ, но и електронски на сајтот на Фондот или преку uslugi.gov.mk, вели директорката на ПИОМ Билјана Јовановска во интервјуто за Радио Слободна Европа.