Веќе половина век Јосипа Лисац неприкосновено владее со музичката сцена со специфична интерпретација и стил, а значајниот јубилеј ќе го прослави со турнеја низ регионов, која ќе ја почне на 14 февруари во белградскиот Сава центар.
„Најубави се средбите ако се искрени, вистински и пријателски“, тврди музичката дива. „Секогаш сакав низ музиката да донесам пораки за љубов и пријателства. Тоа е нешто најубаво што на сите нас може да ни се случи“, вели таа.
Пеачката на неминливите хитови „Магла“, „Хир“, „Где Дунав љуби небо“, „Богиња“, „Данас сам луда“, помина со музичарот Карло Метикоша 20 години, а од 1991 година, кога тој почина, нему му го посветува секој концерт.
Во кариерата долга 50 години, периодот на музичката соработка со него го смета за апсолутно најубав.
„Тој ги направи за мене најубавите песни кои живеат и денес. Го направи антологискиот албум „Дневник једне љубави“ и автор е на две рок опери „Губец бег“ и „гричка вјештица“. Тоа се најубави моменти, на тоа сум горда“.