Јавното претпријатие „Комуна“ од Крушево апелира до крајот на февруари граѓаните на општина Крушево да ја користат апликацијата „Испрати состојба на водомер“ и преку алатката да ја испраќаат состојбата на водомерот.
Ова е особено важно заради временските услови, состојбата со коронавирусот и поверодостојно наплаќање за вода, информираат од ЈП „Комуна“ од Крушево.
Граѓаните упатството за користење на апликацијата можат да го најдат на следниот линк.