– Ѕвездата на ТВ-серијата „Пријатели“, Џенифер Анистон, која е на самиот почеток на шестото десетлетие од животот, во интервју за порталот „7 дејс“ изјави дека „би сторила сѐ“ за да доживее 115 години – здрава, свесна и без ортопедска количка.
– Сакам да останам ведра, активна и сѐ уште во цутот!, рече глумицата.
Сѐ до пред корона-карантинот, Анистон постојано се среќаваше со познаници и пријатели, со заеднички интерес – најновите и најефикасни методи за подобро здравје и грижа за себе. Организирала и неколку вечери кај неа дома, каде биле поканети и стручњаци од таа област.