Јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин се сретна вчера со папата Фрањо и му подари крст направен од бодликава жица од демилитаризираната зона на Полуостровот, и повотно го поканида ја посети Северна Кореја.
Мун, кој е католик, дојден е во Рим на самитот на светските челници на земјите од групата Г20. Тој приватно разговараше со Папата околу 25 минути, соопшти Ватикан.
Од кабинетот на Мун, кој ќе ја напушти функцијата во мај следната година, информираа дека претседателот му рекол на поглаварот на Римокатоличката црква дека посетата на Пјонгјанг ќе го заживее мировниот процес на Корејскиот полуостров.
„Ако ми испратите покана, со задоволство ќе одам да ви помогнам, во името на мирот. Зарем не сте браќа кои зборуваат на ист јазик? Сакам да одам“, рекол Папата.
Ватикан во соопштението наведува дека двете страни разговарале за „промоција на дијалогот и помирувањето на двете Кореи“ и за надата дека „заедничкиот напор и добрата волја ќе ги поттикнат мирот и развојот на Корејскиот полуостров, со поддршка на солидарноста и братството.“
Севернокорејскиот устав гарантира слобода на религија се додека таа не ја подрива државата.
Но, во мноштвото цркви кои се под контрола на државата, вклучувајќи ја и Католичката црква во главниот град Пјонгјанг, отворени религиски активности не се дозволени и властите често ги затварале странските мисионари.
Има малку информации за тоа колку граѓани на Северна Кореја се од католичка вероисповед или како ја практицираат својата вера.
Преговорите меѓу Пјонгјанг, Вашингтон и Сеул се насочени кон запирање на севернокорејските нуклеарни и ракетни програми се стопирани среде напорите двете Кореи да развијат што пософистицирано оружје.
Северна Кореја минатата недела потврди дека тестирала нови, помали балистички проектили од подморница.
(Фото: ЕПА)