Британскиот премиер, Борис Џонсон, денес ја обвини Русија дека ја преминала границата на варварството во војната во Украина и го повика Западот да ги заостри санкциите со цел да се стави крај на овој конфликт.
„Владимир Путин се сврте кон варварство“, им рече Џонсон на новинарите при неговото пристигнување во Брисел на вонредниот еднодневен самит меѓу НАТО, Европската унија и земјте од групата Г7.
Тој ја истакна важноста од водедување на понатамошни санкции.
„Многу е важно да се обединиме за сето ова да заврши што поскоро. Колку се построги нашите санкции, колку повеќе и помагаме на Украина, толку побрзо ќе заврши овој конфликт“.
Рускиот претседател, Владимир Путин, испрати војници во Украина, заради она што тој го нарекува „специјална воена операција“, за демилитаризација на Украина. Москва негира дека цели на цивили.
(Фото: АП)