15 мртви во бунт во затвор во Еквадор

LinkSense.mk

Најмалку 15 затвореници се убиени, а 21 се повредени во побуна во еден од најголемите затвори во Еквадор, каде во постојаното насилство меѓу ривалските банди секогаш има и убиени и ранети луѓе, соопштија властите.

„Според прелиминарните информации, 21 лице се повредени, а 15 загинаа во конфликт меѓу затвореници“, се наведува во соопштението на еквадорската затворска управа.

Управата соопшти дека единиците за безбедност продолжуваат со операциите за враќање на контролата над затворот, а однадвор поддршка им пружаат вооружените сили.

Затворот се наоѓа на периферијата на градот Латакунг, и е со околу 4.300 затвореници, што го прави еден од најголемите во земјата. Од февруари 2021 година, во тој затвор имало седум крвави пресметки меѓу затворениците, во кои имало повеќе од 400 мртви.

Според вчерашните телевизиски снимки, може да се забележат затвореници како се качуваат по покривите на затворските објекти додека се слушаат детонации.

Хорхе Флорес, раководителот на Управата, претходно им изјави на новинарите дека, според сознанијата, меѓу жртвите е Леандро Нореро.

Нореро, наречен „Ел Патрон“, уапсен во мај за перење пари и шверц на дрога, станал еден од шефовите меѓу затворениците.

Властите досега не успеаја да ги спречат насилствата во тој затвор, каде често се користи ладно оружје и кои се обележани со отсекувања на глави и други варварски чинови.

Според официјални проценки, во преполните затвори во земјата има околу 35.000 затвореници, од кои многумина се членови на бандите поврзани со трговија на дрога. Еквадор лани заплени рекордни 310 тони дрога, главно кокаин.

Државата се граничи со Колумбија и Перу, најголемите производители на кокаин во светот, а од таа земја дрогата се испраќа главно во САД и Европа.

Минатата година, земјата со 17,7 милиони жители забележа стапка од 14 убиства на 100.000 жители, речиси двојно повеќе од 2020 година.

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Си-Ен-Ен)