На секои неколку месеци се врши истражување за однесувањето на корисниците на интернет и секое од нив истакнува дека лозинките кои корисниците ги употребуваат на своите онлајн сервиси и компјутери и понатаму се ранливи.
Без оглед на тоа што многумина мислат дека тоа ним не може да им се случи, „кој ќе ги краде нивните податоци“, кој би сакал нешто нивно – реалноста е поинаква, дека тоа се најдобри „клиенти“ и веројатно лозинката веќе им е компромитирана, како што е компромитирана и нивната приватност.
Денес кражбата на податоци се користи за кражба на пари и на идентитет, за кражба на податоци со кои подоцна уфрлуваат вируси во компјутерите, кои прават место за кражба на понатамошни кориснички податоци или пари.
Неодамна беа хакирани Yahoo, Google Mail, Dropbox, LinkedIn и сите корисници кои имале некоја од овие лозинки се загрозени.
Лицата кои беа вклучени во истражувањето направија список со најлошите лозинки за претходната (2016) година, кои не би смееле никогаш да ги користите.
Најлошите лозинки за 2016 година:
1. 123456
2. 123456789
3. qwerty
4. 12345678
5. 111111
6. 1234567890
7. 1234567
8. password
9. 123123
10. 987654321
11. qwertyuiop
12. mynoob
13. 123321
14. 666666
15. 18atcskd2w
16. 7777777
17. 1q2w3e4r
18. 654321
19. 555555
20. 3rjs1la7qe
21. google
22. 1q2w3e4r5t
23. 123qwe
24. zxcvbnm i
25. 1q2w3e.
Истражувањето кое е спроведено во текот на летото, објавено во „Дејли меил“, на кое соработувале универзитетите од Пекинг и Ланкастер, покажало дека дури 73 отсто од испитаниците имаат слаба, предвидлива лозинка, а дека лозинките на другите корисници кои сметале дека лозинките им се сигурни, биле „пробиени“ во помалку од 100 кругови на погодување.