Привремената комисија за следење на медиумското претставување ја прекина својата денешна седница, на која се разгледуваа извештаите за известувањето во осмиот 10-дневен циклус, пренесува А1он.
Седницата била прекината откако Комисијата со мнозинство од три гласа наспроти два решила да поведе прекршочна постапка против телевизија Сител која се однесувала на балансираноста на известувањето.
Членови на Комисијата побарале седницата да се одложи за вторник, и покренаа прашања околу стручните извештаи подготвени од Програмскиот сектор на Агенцијата за медиуми и стандардите по кои се води Привремената комисија при своето гласање.
Претходно, наведува А1он, Комисијата го отфрлила предлогот за поведување прекршочна постапка за телевизија Алсат поради неизбалансираност во минутажата одвоена за политичките партии, а гласала и да не се поведуваат постапки за Радио Слободна Македонија, Канал 77, ТВ Арт, Наша ТВ и за програмските сервиси на МРТВ.