494 нови случаи на ковид (105 реинфекции) , не се пријавени починати лица

LinkSense.mk

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1365 тестови, а регистрирани се нови 494 случаи на ковид-19: Скопје – 251, Битола и Охрид – по 38, Куманово и Велес – по 23, Тетово – 19, Прилеп – 17, Кавадарци – 11, Гостивар – 10, Гевгелија – 8, Кочани – 7, Струга – 6, Штип и Крива Паланка – по 5, Струмица, Неготино и Радовиш – по 4, Ресен, Свети Николе и Кратово – по 3, Делчево, Берово, Валандово, Виница и Пробиштип – по 2, Кичево и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (494), регистрирани се 105 реинфекции.

Регистрирани сe 276 оздравени пациенти од: Скопје – 159, Куманово – 22, Битола – 19, Кавадарци – 11, Велес и Струмица – по 8, Охрид, Тетово и Гостивар – по 7, Штип – 5, Прилеп – 4, Кочани и Радовиш – по 3, Кичево, Ресен, Валандово, Демир Хисра и Дојран – по 2, Гевгелија, Неготино и Кратово – по 1.

 

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, не се регистрирани починати лица.