Автор: Томислав Кежаровски

Над 500 американски војници, кои претходно се повлекоа во Ирак, се вратиле назад во нивната воена база во североисточиот дел на Сирија, пренесе Тасс, повикувајќи се на текст објавен во весникот „Aшарк Ал-Авсат“. „Над 500 војници на армијата на САД, како и нивната воена техника, пристигнаа од Ирак во воената база, што се наоѓа во североисточна Сирија”, се наведува во написот што денеска е објавен во весникот. Претходно весник јави дека „американски конвој од 34 логистички воени камиони минал преку ирачко-сириската граница на граничниот премин Ал-Валид и влегол на територијата на сириската провинција Хасака“. Силите на меѓународната коалиција, предводена од…

Read More

Со оглед на тоа што борбата против организираниот криминал е предизвик на 21. век, а неговото влијание се наметнува во сите сфери на општеството, успешното справување со овој феномен е неопходно и бара сериозен пристап од страна на сите институции надлежни за спроведување на законот. Безбедносните закани со кои се соочува Република Северна Македонија се слични не само со заканите во земјите од Балканскиот регион, туку и со земјите од ЕУ и САД, што наложува и нови форми на соработка и дејствување на меѓународно ниво. Ова меѓу другото, го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во обраќањето на отварањето на…

Read More

Европската унија се согласи да го пролонгира излегувањето на Велика Британија од ЕУ до јануари 2020 година, соопшти преку Твитер претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск. Тој посочи дека Унијата се согласила да дозволи „флексибилно одложување“, што значи дека Велика Британија би можела да ја напушти ЕУ и пред одредениот рок, доколку претходно во Парламентот биде одобрен договорот кој премиерот Борис Џонсон го постигна со Брисел, јави Би Би Си. Претстои одлуката на ЕУ да биде формализирана во пишана форма. Одлуката доаѓа во момент кога британските пратеници се подготвуваат да гласаат за предвремени избори. Џонсон бара одржување избори на 12…

Read More

Гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом прогласи вонредна состојба во оваа американска држава затоа што пожарите и екстремните временски услови принудија речиси 200.000 луѓе да ги напуштат своите домови. Тој вчера рече дека се користи „секој достапен ресурс“ во борбата против пожарите, вклучително и огромните огнени стихии во виноградската област во северна Калифорнија, кои се погодени од силни ветришта. Поради чадот од пожарот во заливот кај Сан Франциско за кусо време беше запрен и сообраќајот на мостот.

Read More

Итните потреби за средства граѓаните сè повеќе ги покриваат со позајмување од финансиските друштва. Над 120 илјади корисници ја препознале предноста и им ја дале довербата на финансиските друштва што нудат брзи кредити за клиентите. Најчеста сума што ја барале е до 30 илјади денари, а каматата што ја нудат финансиските друштва е до пет проценти. Корисници се оние на кои им требаат итно средства и немаат време да ги бараат по традиционалните канали во банките. – Пристап до услугите 24/7, најповолни услови за микрокредитирање без дополнителни трошоци, минимум потребна документација, брз и лесен начин на аплицирање, транспарентност во работењето,…

Read More

По разводот од доскорешниот сопруг Сајмон Конецки (45), пејачката Адел не може да ја тргне насмевката од своите слики на социјалните мрежи. Многумина сметаат дека тоа е поради забележливо помалиот број килограми што таа сега ги има во однос на претходно. По снимките од роденденот на својот колега Дрејк, не стивнуваат коментарите од обожавателите околу тоа дека таа сега е многу послаба. А тоа, пак, се должи на тоа што таа сега „си посветува повеќе време себеси“ и почесто е во сала за вежбање. – До неодамна плачев, сега се потам, рече таа во еден од своите коментари. Адел и…

Read More

Вчера околу 80.000 луѓе, што е официјален податок, додека организаторите тврдат дека бројот е повеќе пати поголем, се собраа во Барселона на собир за поддршка на шпанското единство, а против сепаратистичките барања во Каталонија кои доведоа до најголемата политичка криза во Шпанија после повеќе децении. Организацијата „Каталонско цивилно општество“, под мотото „За соживот, за Каталонија, Доста!“ повика на овој собир. Собраните граѓани носеа знамиња на Шпанија и Каталонија, а на еден транспарент пишуваше „И ние сме Каталонци, сопрете го ова лудило!“. Меѓу учесниците беа Микел Исета, лидерот на каталонските социјалисти, министерот на внатрешни работи Џозеп Борељ, инаку Каталонец, претседателот на…

Read More

Францускиот претседател Емануел Макрон направи „историска грешка“ со ставањето вето на започнување преговори за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија, но ова противење на Париз во никој случај не е поврзано со конкретната проценка за состојбите во двете земји кандидатки, туку со фундаменталниот политички проблем што Европа не успеа да го реши од 2004 година: зајакнување на нејзините механизми за политичка интеграција, оценува „Фајненшл Тајмс“. – Ставот на Франција е совршено јасен: се додека Европа не ги зајакне механизмите за политичка интеграција, неопходни за напредокот на европската интеграција, не треба да има ново проширување, смета лондонскиот весник. Според…

Read More

Седум лица на возраст од 17 до 38 години се повредени во тешката сообраќајна незгода што се случи ноќеска на патот од Тетово кон Брвеница. Сообраќајката се случила при судир на две возила „бмв“ и „голф“ околу 23 часот. -Во голфот биле четири лица од кои тројца се тешко повредени и однесени на лекување во скопските клиники, додека еден е задржан во тетовската болница. Во „бмв“ имало три лица, а во сообраќајката тешко повреден е возачот кој исто така е однесен на скопксите клиники. Едниот сопатник е задржан на лекување во тетовската клиничка болница, а другиот по укажаната лекарска помош…

Read More

СДСМ го клекна македонското земјоделие на колена. Заев ги доведе земјоделците до питачки стап. Македонските земјоделци едвај преживуваат, откупните цени се прениски, а пласманот не им е загарантиран. Заев на земјоделците им ветуваше сигурен пласман, повисоки откупни цени и нови пазари. Им ветуваше дека откупувачите ќе се тепаат кој да го откупи родот по повисока цена, но веќе трета година по ред има само се пониски цени, а од новите пазари ни трага ни глас. Заев е енормна катастрофа за македонското земјоделство. Потребни се итни мерки за спас на македонското земјоделство. Потребна е обнова на Македонија што поскоро. …

Read More