Автор: Томислав Кежаровски

„Во Владата во тек е прес-конференцијата на премиерите на Северна Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас. Двајцата премиери претходно во имаа тет-а-тет разговори, по што беше одржана и седница на Високиот совет за соработка меѓу двете земји. Заев и Ципрас и министри од двете влади потпишаа повеќе договори за интензивирање на билатералната соработка, согласно Договорот од Преспа. Ципрас, кој престојува во официјална посета на Скопје, прва на некој грчки премиер, ќе има средба и со претседателот на Собранието, Талат Џафери. Попладне ќе се одржи Бизнис-форум, на кој ќе се обратат двајцата премиери.

Read More

Министерката за правда Рената Треневска-Дескоска пред денешната нова рунда преговори за Законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши идниот статус на Специјалното јавно обвинителство изјави дека може да се очекува напредок доколку претставниците на ВМРО-ДПМНЕ се подготвени да ги почитуваат препораките на меѓународната заедница, но доколку останат на своите ставови, тогаш не гледа надеж дека нешто посебно би се случило. Таа во изјава за медиумите дадена пред конференцијата „Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството“ уште еднаш повтори дека не се согласува со тоа дека треба да заврши мисијата и работата на СЈО, туку оти како држава ќе…

Read More

Светска банка денеска ќе го презентира полугодишниот економски извештај за земјите од Западен Балкан. Ова е 15-то издание од серијата извештаи за состојбата на економиите во земјите од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија. Во Скопје, извештајот ќе го претстават Галина Андронова Винчелете, менаџер на секторот за макроекономија, трговија и инвестиции во Светска банка, Сања Маџаревиќ – Шујстер, виш економист за Западен Балкан и Бојан Шимбов, економист од Канцеларијата на Светска банка во Скопје.

Read More

Разговорите меѓу работните групи на власта и опозицијата за законот за јавно обвинителство, со кој треба да се реши и идниот статсус на Специјалното јавно обвинителство продолжуваат денеска во 15 часот во Министерството за правда. Според министерката за правда Рената Дескоска, ВМРО-ДПМНЕ со 65-те амандмани за законот за јавно обвинителство има намера да го уништат Специјалното јавно обвинителство и да се запрат сите постапки. -Со тие амандмани се уништува СЈО, се уништуваат истрагите, предистражните постапки и постапките кои ги презело СЈО. Тоа не се амандмани кои можат да го подобрат текстот, вели Дескоска. Таа не е оптимист дека ќе биде…

Read More

Во извештаите за патувањето на Алексис Ципрас во Северна Македонија грчките медиуми акцентот го ставаат на големата делегација со која тој пристигна во Скопје, големиот број министри и бизнисмени кои го придружуваат, на пораките што ги испрати преку интервјуто за МИА, но и на историското значење на посетата, прва на еден претседател на грчка Влада, јави дописничката на МИА од Атина. Интервјуто на грчкиот премиер Алексис Ципрас за МИА, вчера беше една од главните теми во Грција задно со денешната посета на Северна Македонија. Електронските изданија на медиумите, пренесувајќи го ексклузивното интервју на Ципрас, акцентот го ставија на политичката цена,…

Read More

Сојузниците ќе го засилат своето присуство во регионот на Црното Море како одговор на руската агресија во Украина, и  НАТО годинава со окрупнува со Северна Македонија, 30-та членка по ред, изјави американската амбасадорка во НАТО, Кеј Бејли Хатчинсон. На видео прес-конференција организирана синоќа во пресрет на одбележувањето на 70 годишнината од креирањето на НАТО, кое во две одвоени прилики ќе се одржи со министерски совет неделава во Вашингтон и со самит на лидерите во декември во Лондон, Хатчинсон рече дека Русија продолжува да ја дестабилизира Украина, и да го милитаризира полуостровот Крим. „Агресија со запленувањето на украински воени бродови и…

Read More

Во Кривичниот суд во Скопје денеска се закажани нови рочишта за „Талир“, „Тортура“ и „Тарифа“ на Специјалното јавно обвинителство. Во случајот „Талир“ обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перење пари“. За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ. Минатото рочиште беше одложено поради отсуство на бранителот на правниот субјект ВМРО-ДПМНЕ. На Елизабета Чингаровска нема да ѝ се суди бидејќи таа се спогоди со СЈО, призна вина и…

Read More

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изутринава пристигна на Аеродоромот Скопје од каде што се упати кон Владата каде што ќе биде пречекан со државни и воени почести. Официјалната посета на Северна Македонија, прва на некој грчки премиер, Ципрас ќе ја почне со средба со неговиот домаќин премиерот Зоран Заев.

Read More

Претседателските кандидати денеска со средби со граѓани и митинзи ја продолжуваат изборната кампања. На вториот ден од кампањата, кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски ќе биде во скопско и ќе ги посети Сопиште и Студеничани, а за попладне закажани се митинзи во Центар и Аеродром. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска ќе го претстават својот кандидат Гордана Силјановска-Давкова пред граѓаните на Дебарца, Струга и Ресен. Претседателскиот кандидат на Алијанса за Албанците и Беса, Блерим Река, според најавите, за денеска нема закажано активности. Кампањата официјално започна вчера, а ќе трае до 19 април по што следува 24-часовен изборен молк пред денот на…

Read More

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Тој е првиот премиер на Грција што ќе ја посети земјава. Официјалниот пречек на Ципрас со државни и воени почести ќе биде на платото пред Владата. Пристигнувањето на првиот човек на грчката Влада погледнете го во живо:

Read More