Автор: Томислав Кежаровски

Словенија го прифати Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО, што треба да биде ратификуван од сите земји-членки на Алијансата, пред Македонија и официјално да стане 30. членка. Протоколот без проблем е прифатен од сите земји-членки, а сега се чека Договорот од Преспа да биде ратификуван во грчкиот Парламент, по што ќе настапи и процесот на ратификација на Протоколот во земјите-членки, а Грција е првата држава која најави дека ќе го стори тоа. Во посета на Македонија денеска престојува словеченкиот министер за одбрана, Карл Ерјавец, кој ја пренесе безрезервната поддршка на Словенија за членството на Македонија во НАТО и во…

Read More

„Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, одговори без двоумење на сите прашања на ЦИВИЛ МЕДИА поврзани со најактуелните прашања, настани и процеси во македонското општество и политиката. Во своите одговори Зоран Заев е полн со верба во крајните позитивни исходишта од процесите, убеден дека бројните недостатоци што ги следат ќе бидат надминати. За секое прашање има одговор што содржи изобилство од податоци и детали, но не испушта да ја образложи и перспективата, целта кон која се движат или треба да се движат процесите. Зоран Заев искрено верува во помирувањето и во концептот „едно општество за сите“. За Иванов…

Read More

Судењето за 27 април пак се одложи поради тоа што не се окончани правосилните решенија за амнестијата, поради што се одложи и претходното рочиште, прво во 2019 година, а на кое требаше да им се суди на неамнестираните во случувањата во Собранието Во петокот требаше да се одржи седница на Апелација по повод жалбата на Абдулфета Алими дека не добил амнестија, но беше одложена за денеска, така што не е завршена процедурата во однос на правосилноста на решенијата, изјави судијката Добрила Кацарска. Таа наредното рочиште го закажа за 31 јануари бидејќи обвинителката Вилма Русковска ќе биде службено отсутна една недела. На…

Read More

„Зелената нафта“ за земјоделците ќе биде достапна најверојатно за пролетната седиба. Мерката ќе опфати 55.000 производители, а предвидува со државни пари да се покријат 30 проценти од трошоците за набавка на гориво за земјоделската механизација. Средствата се обезбедени и програмирани во буџетот на Платежната агенција. За да користат „зелена нафта“, земјоделците ќе имаат наменски, типизирани трансакциски сметки и посебни дебитни картички од банки. Како што велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), постапката за воведување „зелена нафта“ е во завршна фаза. Изработена е методологија за секоја култура одделно. Точно се знае колкави се трошоците за гориво по хектар. „Јавниот оглас за јавна…

Read More

„ Американската тенисерка Серена Вилијамс ја победи првата носителка на Австралија опен со 2-1 (6:1, 4:6 и 6:4) во дербито од осминафиналната фаза. Мечот траеше еден час и 48 минути. Во 1/4 финалето Американката (16. носителка) ќе игра со Каролина Плишкова (7. носителка) од Чешка. Другите двојки за четвртфиналето се: Павличенкова – Колинс, Квитова – Берти и Осака – Свитолина.

Read More

Јавното обвинителство неделава ќе сослуша доста сведоци во рамки на истрагата за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, а очекува да бидат преземени и доказите барани од Република Албанија, изјави јавната обвинителка Вилма Русковска, која ја води истрагата за бегството на Груевски во Унгарија. „Во текот на оваа недела ќе бидат сослушани доста сведоци во таа насока, а се надевам дека исто така во текот на оваа недела ќе бидат преземени и доказите кои беа барани од Република Албанија, изјави Русковска. Прашана што досега имаат и до каде е истрагата, Русковска, рече дека кога ќе имаат нешто поконкретно ќе…

Read More

Брегзит е закана за мирот во Северна Ирска, пишува денеска германскиот конзервативен весник „Франкфуртер алгемајне Цајтунг“ по бомбашкиот напад во Лондондери. „Експлозијата ја потресе земјата која веќе е поделена многу повеќе отколку што беше во минатото… Покрај се, од референдумот за Брегзит во 2016 година, можноста за „тешка“ граница со Европската унија стана закана за мирот во Северна Ирска, напиша весникот во уредничкиот коментар и додаде дека е можно да има поврзаност меѓу дебатата која сега го тресе целото Обединето Кралство и бомбашкиот напад, но се уште не е докажана. Политичарите од сите страни го осудија нападот, што според ФАЗ…

Read More

Претседателот на косовското Собрание Кадри весели утре ќе биде домаќин на состанокот со премиерот Рамуш Харадинај и амбасадорот на Соединетите Американски Држави Филип Коснет, на кој ќе се разговара за американското барање упатено до косовската Влада за укинување на таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Приштина. Претставници на Владата одбиваат да се изјаснат во врска со средбата, додека висок претставник на Демократската партија на Косово (ПДК) на Весели за „Зери“ изјави дека се очекува средбата да резултира со „договор кој гарантира дека односите со САД нема да се загрозат“.…

Read More

Делегација на Здружението и Организацискиот одбор на Меѓународниот фестивал „Пролетни веселби“, што во валандовското село Чалакли во мај се одржува по повод празникот Х’дерлез, минатата недела била во работна посета на Анкара. Како што соопшти Здружението, нивниот претседател и потпретседател, Шенол Тахир и Сељами Тахир, од 13 до 19 јануари во турскиот главен град имале повеќе работни средби со претставници од државни институции и здруженија. Делегација на Здружението и Организацискиот одбор на Меѓународниот фестивал „Пролетни веселби“, што во валандовското село Чалакли во мај се одржува по повод празникот Х’дерлез, минатата недела била во работна посета на Анкара. Како што соопшти…

Read More

Јапонските компании Тојота Мотор и Панасоник од идната година ќе се здружат за да произведуваат батерии за електрични возила во обни да им конкурираат на кинеските ривали, тврат јапонски медиуми. Во заедничкиот потфат Тојота ќе има 51 отсто удел додека 49 отсто Панасоник. Со тој план, би се обезбедувале батерии и за партнерите на Тојота, Мазда и Субару. Заедничкото вложување е врз темел на договор од крајот на 2017 година за заеднички развој на батерии со поголема количина на енергија во призматската ќелија. Двете компании можно е да најават план за заедничко вложуавање уште оваа недела, јавуваат јапонски медиуми.

Read More