Автор: Томислав Кежаровски

Според Државната изборна комисија излезноста до 11 часот е 8,03 проценти од запишаните гласачи во Избирачкиот список. Портпаролот на ДИК, Љупка Гугучевска на втората прес конференција истакна дека овие податоци се добиени до 92,06 проценти од избирачките места. Таа посочи дека референдумското гласање тече мирно и без неправилности. 24ВЕСТИ

Read More

Граѓанската асоцијација МОСТ соопшти дека одѕивот на гласачите до 13 часот на референдумот е 16 отсто, со маргина на грешка од +/- 0,32 отсто. МОСТ наведува дека од набљудувачите и регионалните координатори на МОСТ добиени и потврдени се неколку информации за неколку за технички проблеми. „На гласачкото место (ГМ) 1238 во општина Демир Капија, на гласач му било дозволено да гласа без да биде проверен во Избирачкиот список. Повикана е ОИК, по што е направен записник во кој е костатирано дека ќе има повеќе ливчиња од потписи во списокот, наведува МОСТ. Натаму, на гласачкото место 1204 во с. Пуста Река, општина Крушево, на…

Read More

Министерствотo за внатрешни работи апелира до граѓаните, политичките партии и нивните симпатизери, во текот на утрешниот ден (недела 30 септември 2018 година)  да ги почитуваат законите, да се воздржуваат од какви било нарушувања на јавниот ред и мир и било какво нарушување на тајноста на гласањето, како што е фотографирање или снимање. Било какво однесување спротивно на законите МВР нема да толерира и веднаш ќе постапи согласно законите. МВР ќе преземе сè што е потребно во недела, 30 септември, граѓаните непречено и мирно да го искористат своето уставно право на слободно изјаснување на својата граѓанска волја. Согласно стандарните процедури, во…

Read More

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, присуствуваше и се обрати на Централната манифестација по повод Меѓународниот ден на Бошњаците, кој со пригодна културно-уметничка програма се одбележа во Домот на Армијата во Скопје. На свеченоста присуствуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Зоран Шапуриќ, министер без ресор, задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, како и дипломатски претставници,  пратеници, градоначалници, претставници и почитувачи на бошњачката заедница од Македонија и соседните земји. „Ми претставува посебна чест да бидам меѓу вас вечерва и заедно со вас да го празнуваме денот кој го симболизира враќањето на националното…

Read More

Објавувањето фотографии на гласачи  е противправно дејство кое го нарушува процесот на гласање и претставува попречување на правото на гласање. Секое сликање или снимање на гласачи при остварување на нивното право, како и какво било попречување на гласањето и процесот на спроведување на референдумот не се дозволиви согласно на закон, соопшти Комисијата за следење евентуални противправности сторени при организирањето и спроведувањето на референдумот при Јавното обвинителство на РМ. Според Комисијата, вакви дејства преземени во текот на процесот на гласање, ќе бидат предмет на приоритетно постапување на Јавното обвинителство. Комисијата, како што информира, продолжува перманентно да го следи процесот на гласање…

Read More

Во пресрет на утрешниот референдум, денеска гласаат болните и изнемоштени лица, затворениците и лицата во домашен притвор, како и македонските државјани во странство кои се пријавиле за изјаснување. Во 69 од 80 општини пријавени за гласање се 1.859 болни и немоќни лица. Членови на избирачките одбори ќе ги посетат нивните домови каде што болните и изнемоштените лица ќе го остварат правото на глас.

Read More

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и  директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, извршија увид во изградба на експресниот пат Градско – Прилеп. Изградбата на експресниот пат се одвива во три фази и тоа:  Првата делница од Градско до Дреново во должина од 16 километри, втората делница од клисура Дреново до Фариш во должина од 10 километри и третата делница од Прилеп до мост на Ленишка река и изградба на трета лента од с. Беловодица до каменолом Маврово во должина од 7,5 километри. Вкупниот прогрес на градежните работи е 20%, во тек е изведба на мостовските конструкции…

Read More

Премиерот Зоран Заев, денеска упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Република Македонија, по повод празникот 28 септември – Меѓународен ден на Бошњаците: „Дозволете ми од мое лично име и од име на Владата на Република Македонија да Ви ги упатам моите искрени честитки по повод празникот 28 септември – Меѓународен ден на Бошњаците, да ви посакам добро и празнично расположение, со многу здравје, успех, благосостојба и просперитет. „Овој ден кој го симболизира враќањето на националното име „Бошњак“ и именувањето на вашиот мајчин јазик како босански јазик, е добра можност за да се одбележат културните специфики и вредности на…

Read More

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија информира дека в недела, 30 септември 2018 година, канцеларијата на Комитетот ќе биде отворена во текот на целиот ден, со цел да им овозможи на граѓаните да пријават повреда на избирачкото право за време на референдумското изјаснување. Комитетот, како што стои во соопштението, ги охрабрува сите граѓани кои сметаат дека нивното избирачко право е повредено да го пријават случајот во канцеларијата на Комитетот, кој се наоѓа на ул.„Наум Наумовски Борче“ бр. 83. „Доколку граѓаните не се во можност да дојдат до нашите простории, случаите на повреда на избирачкото право можат да ги…

Read More

По повод Денот на Бошњаците вчера во општина Петровец се одржа Фестивал на фолклорот „Коњаре 2018“, на кој учествуваа повеќе фолклорни групи претставувајќи се со ора и песни од сите народи што живеат во Република Македонија. На фестивалот присуствуваа градоначалникот на општина Петровец, Борче Митевски, пратеникот во Собранието на РМ, Зеќир Рамчиловиќ, претставници од Министерството за култура на РМ, претседателот на Бошњачки Демократски Сојуз, Мунир Колашинац, претседателот на Бошњачка Демократска Партија, Салко Куч, претставници на политички партии и здруженија и голем број Бошњаци од различни делови на нашата држава. Пратеникот Рамчиловиќ во своето обраќање пред присутните истакна дека веќе подолг…

Read More