Автор: Томислав Кежаровски

Попис на населението во Република Македонија ќе се одржи по две години, соопштил премиерот Зоран Заев на средба со претставници на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) во Њујорк. Премиерот  дал ветување дека попис ќе биде спроведен во 2019-та, тврди ОМД во соопштението за средбата што се одржа оваа недела во Њујорк, каде премиерот со владина делегација присуствуваше на 72. Генерално собрание на Обединетите нации. Овој термин бил споменат во контекст на објаснувањето на Заев на потребата од Законот за употреба на јазиците кој претставува само последниот легален дел од Законот за јазици донесен во 2008 и во 2011 година и не задира во…

Read More

Четирите држави на Балканот кои се членки на Европската унија – Бугарија, Грција, Романија и Хрватска, заедно ќе помагаат за европската интеграција на останатите шест земји од регионот. Ова го договорија министрите за надворешни работи на балканските држави-членки на ЕУ Екатерина Захариева, Никос Коѕиас, Теодор Мелешкану и Марија Пејчиновиќ Буриќ на работната средба во Њујорк, соопшти прес-службата на бугарското МНР. Министрите направија преглед на она што досега го постигнаа Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Република Македонија, Србија и Црна Гора и се согласија да дадат политичка и експертска поддршка за нивната европска перспектива. Захариева, Коѕиас, Мелешкану и Буриќ се договорија…

Read More

Брзото ширење на т.н. „супермаларија“, односно опасниот облик на паразит кој ја предизвикува таа болест, на подрачјето на југоисточна Азија претставува алармантна глобална закана, предупредуваат научниците. Овој облик на паразит кој предизвикува маларија, а го шират комарците, не може да се убие со вообичаените лекови против маларија, јави Би-Би-Си. Паразитот прво се појави во Камбоџа, а потоа се рашири во длеови на Тајланд и лаос, а стаса и до јужен Виетнам. Тим од оксфордското Одделение за истражување на тропски болести во Бангкок соопшти дека постои реална опасност маларијата да стане неизлечива. „Сметаме дека станува збор за сериозна закана. Алармантно е…

Read More

Стечајните работници опфатени со новиот Закон за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата може да поднесат барање со кое ќе користат месечен надомест. Законот веќе е објавен во Службен весник на Република Македонија и, како што информира денеска Агенцијата за вработување, сите заинтересирани лично треба да поднесат барање до надлежните центри за вработување кадешто се евидентирани. Рокот за поднесување на барањата е една година, односно до 19 септември следната година. АВРМ напоменува дека при поднесување на барањето, заинтересираните лица треба да имаа само лична карта на увид, без дополнителна документација. Агенцијата за…

Read More

Вук Јеремиќ, поранешен претседател на генералното Собрание на Обединетите нации, рече дека од балканските лидери само македонскиот премиер, Зоран Заев, им бил интересен на светските лидери и на некој начин бил ѕвезда на Генералното собранието на Обединетите нации. Јеремиќ ова го изјави во директно вклучување од Њујорк на телевизијата Н1. Тој посочи дека во Њујорк цело време се чувствувале позитивни вибрации кон Македонија. “Светот повеќе зборуваше за Иран и Северна Кореја, а настапите на лидерите од Западен Балкан не беа премногу забележани, со исклучок на македонскиот премиер Зоран Заев, кој условно речено беше еден вид ѕвезда, бидејќи имаше голем интерес…

Read More

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека , „СДС продолжува со спроведување на хаос и безредие во државата. Владата на Зоран Заев со законот за амнестија сака да го легализира криминалот. Со овој закон владата на СДС само уште повеќе ќе ја продлабочи кризата која самите ја креираат со нивното деструктивно владеење. Со ова ќе се загрози самата безбедност на македонските граѓани. Зоран Заев преку овој закон ќе започне да инсталира криминална коалиција во која на подземјето ќе му удоволува со цел да одработи што е можно повеќе за партијата СДС. Воедно свесен дека овој закон не може да го донесе пред локални…

Read More

Со македонската премиера на краткиот филм „Крајот на времето“ на македонскиот режисер Милчо Манчевски, а потоа и со премиерата на бугарско – македонската копродукција „Насоки“ на бугарскиот режисер Стефан Командарев, прв од филмовите во официјалната селекција, вечер во Битола ќе почне 38. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Организаторите информираат дека подготовките за гала отворањето во Центарот за култура во Битола се завршени и оти градот се полни со љубители на филмот. Според програмата, пред проекциите на филмовите, претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, кој е покровител на фестивалот ќе му ја врачи наградата „Златна камера 300“ за…

Read More

Собранието денеска на напладне ќе ја продолжи расправата за Предлог законот за употреба на јазиците во прво читање. Пратениците шести ден ќе расправаат за потребата од донесување на овој закон. Седницата за оваа точка беше прекината ноќеска 15-тина минути по 2 часот на барање на пратеничката Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ. Во досегашната расправа помина обраќањето на десетина пратеници од вкупно пријавените седумдесетина. Пратениците од опозицијата обвинуваат дека законот е противуставен и бараат негово повлекување, додека според парламентарното мнозинство законот е во согласност со Уставот и со него не се нарушува унитарниот карактер на државата. Според најавите на претседателот на Собранието…

Read More

Во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен и западен ветер. УВ индексот ќе има вредност 6. Утринската температура ќе се движи од еден до 10 степени, а дневната од 19 до 27 степени. Во Скопје слично време со слаб до умерен северозападен ветер и температура од пет до 24 степени. За викендот ќе има преодно стабилизирање на времето со свежи утра и потопло преку ден. Нови врнежи од дожд се очекуваат во понеделник кои ќе бидат повремено со умерен интензитет и повеќе застапени во западните делови. Во вторник и среда врнежите…

Read More

Специјалното јавно обвинителство бара од скопскиот Кривичен суд да не им ги враќа пасошите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и на неговиот братучед и поранешен шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков. СЈО смета дека „не се променети околностите“, за да им се вратат пасошите, коишто им беа одземени како гаранција дека тие нема да побегнат од земјава по поднесените обвиненија за нив. За одлуката на СЈО денес е известен Кривичниот суд, кој, пак, побара мислење од тимот на Јанева околу продолжувањето на мерките за обезбедување присуство на обвинетите во натамошната судска постапка. Груевски и Мијалков бараа…

Read More