Германскиот тенисер Александар Зверев го совлада Рафаел Надал со 2:0 (6:2, 6:4) во првото коло од групата „Андре Агаси“ на завршниот Мастерс во Лондон. Одлична игра на Германецот, а многу лоша партија на Надал.
Двајцата тенисери мечот го почнаа со сигурни сервиси. Во третиот гем Зверев го нападна Надал, кој успеа да се одбрани. Сепак, на Шпанецот тоа не му појде од рака во петиот гем кој Зверев го доби на сервис на Надал без изгубен поен.
Германецот го потврди брејкот, и веќе во следниот го нападна Надал, имаше брејк прилика која ја искористи за големи 5:2. зверев во следниот гем ја потврди надмоќта во првиот сет и триумфираше со 6:2.
Вториот сет почна со две брејк прилики за Зверев. Ја искористи втората и поведе со 1:0. Се обиде Надал веќе во следниот гем за рибрејк, но Германецот успеа да го одбие нападот на Шпанецот. Третиот гем во вториот сет Надал го доби без каков било проблем.
Зверев просечно сервираше со 137 км/ч и доминантно стигна до 3:1. Петиот гем, за 3:2, го освои Надал за нешто повеќе од 8 минути.
Германецот многу лесно стигнува до 4:2. неговиот прв сервис беше разорен, затоа не не чуди фактот дека освои 90 отсто од поените на својот прв почетен удар.
Надал во седмиот гем возврати со иста мерка и 4:3.
До крајот се беше само рутина.
Прво, Зверев поведе со 5:3, Надал освои гем и намали на 5:4, за потоа Германецот со фуриозна игра го заврши сетот (6:4), а и мечот (2:0 во сетови).