Лидерот на Социјалдемократската партија на Црна Гора, Ранко Кривокапиќ до норвешкиот Нобелов институт упатил и формална номинација за оваа година Нобеловата награда за мир да им се додели на премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, поради Договорот од Преспа со кој се реши спорот меѓу двете земји.
„Со овој историски договор, не само што е затворено прашањето кое ја блокираше европската и евроатлантската иднина на Македонија долги 27 години, ами ствараше и јаз меѓу двете соседни држави – било наведено во номинацијата на Кривокапиќ.