Луис Хамилтон денеска со маестрално возење на патеката во Силверстон стигна до четвртата победа во сезоната, 57 во кариерата, четврта последователна, а вкупно петта на Гран-при на Велика Британија.
Триумфот на црномурестиот Англичанец ја зголеми сјајниот Финец, неговиот клубски колега Валтер Ботас, кој на Мерцедес му донесе уште поголема предност во натпреварувањето меѓу екипите, сомелувајќи го Ферари на легендарната англиска патека, иако Кими Раиконен стаса до подиумот и третата позиција.
Хамилтон сега, затоа што Фетел трката ја заврши дури на седмата позиција, ја намали предноста на германецот на само еден поен.
Возачите на Ферари денеска немаа среќа. Раиконен кој на два круга пред крајот беше на втората позиција, остана без предната лева гума и мораше во боксот.
Во тој момент Фетел беше зад Ботас, трет, и се чинеше дека сепак ќе собере повеќе бодови отколку што се надеваше, но и нему во последниот круг му настрада исто така левиот пневматик. И тој мораше во боксот, па седмото место му е каква таква утеха.
Следната трка за светскиот шампионат во Формула 1 се вози на 30 јули за Големата награда на Унгарија на патеката на Хунгароринг.
Резултати на ГН на Велика Британија
- Луис Хамилтон (Велика Британија) Мерцедес 1.21.37,430
- Валтер Ботас (Финска) Мерцедес + 14,1 сек.
- Кими Раиконен (Финска) Ферари + 36,6 сек.
- Макс Ферстапен (Холансија) Ред бул + 52,1 сек.
- Даниел Рикјардо (Австралија) Ред бул + 1.05,95 мин,
- Нико Хулкенберг (Германија) Рено + 1.08,10 мин…
Возачи
- Фетел 177
- Хамилтон 176
- Ботас 154
- Рикјардо 117
- Раиконен 98
- Ферстапен 57
Екипи
- Мерцедес 330
- Ферари 275
- Ред бул 174
- Форс Индија 95
- Вилијамс 41
- Торо Росо 33