Авганистанскиот претседател поднесе оставка и побегна

Претседателот на Авганистан, Ашраф Гани, поднесе оставка и ја напушти земјата, најверојатно се упати во Таџикистан“, изјави денеска висок претставник од авганистанското Министерство за надворешни работи, пренесе Ројтерс.

Агенцијата наведува дека од кабинетот на Гани им било речено дека не можат да зборуваат за неговото движење од безбедносни причини, а дека преставник на Талибанците, кои вчера влегоа во главниот град Кабул, изјавил дека се проверува каде се наоѓа сега веќе поранешниот претседател.

Како што јавува телевизијата „Ал Арабија“, Талибанците денес, наводно, ги повикале претседателот, владините министри и лидерите на авганистанските партии на соработка.