Австралија: Децата ќе можат на Фејсбук само со дозвола од родител?

LinkSense.mk

Австралија планира да воведе одредба со која родителите треба да дадат согласност за користење на социјалните мрежи на лицата помлади од 16 години.

Ако се воведе тој закон, на компаниите кои стојат зад социјалните мрежи им се заканува казна од 10 милиони австралиски долари (7,5 милиони американски долари) во случај ако не се придржуваат кон одредбата, се наведува во нацрт законот објавен денеска.

Компаниите кои се покренувачи на социјалните медиуми, како што се, на пример, „Редит“ и апликациите за запознавање „Бамбл“, исто така ќе мораат да превземат одредени мерки за да можат да ја утврдат возраста на корисниците, јави Си-Ен-Ен.