Австралија: Заради една корона журка, два града мораат во самоизолација

Здравствената служба на Квинсленд во Австралија соопшти дека едно 26-годишно момче организирало недозволена забава во својата куќа во Стратпајн додека бил во самоизолација и чекал да добие резултат од направеното тестирање за Ковид-19.

Полицијата на Квинсленд денеска наведе дека само петмина од забавата се упатени во карантинска изолација и дека нема нови случаи на зараза поврзани со забавата во Стратпајн, а здравствените служби се обидуваат да утврдат кој се бил во контакт со момчето на дури 24 локации.

Во известувањето на Гардијан се наведува дека овој случај предизвикал ново заклучување во установите за стари лица, во затворите и во домовите во кои се негуваат лица со инвалидитет во Бризбејн и околу Моретон Беј.

Државите Нов Јужен Велс и Викторија ги прогласиле овие две подрачја за ризични и бараат сите кои ќе допатуваат од Бризбејн или Моретон Беј да мораат да одат во самоизолација и на тестирање.