Австрискиот канцелар има корона

LinkSense.mk

Австрискиот канцелар Карл Нехамер има позитивен резултат од тестот на корона вирус, соопштија од кабинетот на канцеларот.

Канцеларот е во самоизолација и нема никакви симптоми, додаваат од канцеларијата.

Нема причина за грижа, се чувствувам добро“, ги пренесоа од канцеларијата зборовите на Нехамер.

До инфекцијата очигледно дошло во средата навечер за време на контакт со член на неговото обезбедување, кој добил позитивен тест за ковид-19 во четвртокот, се наведува, исто така, во соопштението.

Три пати вакциниран

Нехамер, кој е трипати вакциниран, во наредните денови ќе ја врши работата од дома преку видео и телефонски конференции.

Неговата сопруга и децата се негативни.

Вчера канцеларот најави нови мерки за спречување на ширењето на пандемијата и зборуваше за плановите за задолжителниа вакцинација од следниот месец.

 

 

 

 

(Фото: ЕПА)