Австрија доби нов канцелар

LinkSense.mk

Министерот за внатрешни работи Карл Нехамер ја презема функцијата лидер на Народната партија (ОВП) и канцелар на Австрија.

Нехамер многу добро ја познава ОВП, бидејќи беше генерален секретар на партијата, а омилен е и меѓу сопартијците. Во прилог на тоа говори и фактот што коалицискиот партнер Зелените и гувернерите на покраините од редот на ОВП го прифатија назначувањето на Нехамер.

Вицеканцеларот и лидер на Зелените, Вернер Когле, дури се пофали дека има добра работна основа со Нехамер.

Нехамер беше кандидатот кој го бараа „сивите еминенции“ во ОВП, особено гувернерката на покраината Долна Австрија, Јохана Микл Лајтнер.

 

 

 

 

(Фото: АП)