Австрија: Локдаун за невакцинираните!?

LinkSense.mk

Австрискиот канцелар, Александер Шаленберг, најави дека невакциираите лица во Австрија можат да се соочат со нови мерки.

Веста стигнува после синоќешниот состанок меѓу Шаленберг и челниците на државно иво на кој разговарале за свој одговор на брзиот раст на бројот на нови случаи заразени со корона вирус.

„Пандемијата се уште не е завршена. Ние не сме многу заштитени, не сме докрај вакцинирани“, рече новиот австриски канцелар по состанокот со премиерите на сојузните покраини, вчера доцна вечерта.

Шаленберг најави дека, ако бројот на пациенти со ковид во единиците за интензива нега достигне 500, одосно 25 отсто од вкупниот капацитет на одделите во земјата, влегувањето во угостителските објекти ќе биде ограничен и за оние кои се вакцинирани, односно за оние кои ја прележале заразата со корона вирус.

Ако бројот на пациенти на „интензивна“ биде 600, односно ако има 30 отсто оптеретеност на капацитетите на Клиниките за интензивна нега, ќе се воведе најстрог режим за невакцинираните, односо локдаун. Тогаш невакцинираните ќе можат да излезат на улица само во исклучителни случаи, само да одат на работа, за купување на основни намирници или ако мораат да се грижат за блиско лице.

Се надевам дека оваа мерка на оние кои се премислуваат, а кои се сеуште многу, им испраќа јасен сигнал“, рече Шаленберг.

Во Австрија последните денови значително се намали бројот на нововакцинирани.

Партијата Луѓе, слободи, темелни права (МФГ) која ги собира скептиците во вакцините против ковид-19 на неодамнешните изори во Горна Австрија освои шест отсто од гласовите и влезе во покраинскиот парламент.

Околу 65,4 отсто од вкупната популација примиле барем една доза од вакцините, а 62,2 отсто се потполно вакцинирани.