Австрија: Политичари казнети заради непочитување на мерки

Австриската полиција казни политичари од партијата на Зелените заради непридржување на епидемиолошките мерки.

Врвот на Зелените од покраината Тирол одржа состанок на кој очигледно не биле почитувани важечките мерки, кои, инаку, Зелените, кои заедно со Народната партија (ОВП) владеат во Австија, и сами ги наметнаа.

На состанокот биле присутни осум покраински политичари, кои седеле на една маса.

Од сите нив полицијата земала лични податоци и сега им се заканува парична казна во висина од по 1.450 евра.

Реакцијата на Зелените на откриеното кршење на мерките била оригинална. Прво, на Фејсбук ставиле фотографија од почетокот на состанокот каде што сите до еден се со маски и на потребната дистанце седат во просторијата.

Меѓутоа, додале, дека кај последната точка од дневниот ред, меѓу 22 и 23 часот, после интензивна работа, не била цело време почитувана ковид мерката.

Такво нешто не смее да се случи и целосно разбираме што многумина тоа го критикуваат“, наведуваат во партиското соопштение.